Поранешниот министер Азир Алиу објави дека останува во коалицијата Вреди, истакнувајќи дека борбата против корупцијата и промените во општеството не се напуштаат на првата пречка.
„Сметам дека излегувањето (н.з. од Владата) во овој момент, без јасен план, дава можност за индиректно рехабилитирање и ‘лечење’ на старите структури од ДУИ и нивните несмасни наративи, а тоа е чекор што јас не го делам, бидејќи верувам дека секој еден млад Албанец, интелектуалец, заслужува поразлична политичка опција“, напиша на Фејсбук поранешниот министер од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу Поранешниот министер за информатичко општество и администрација од редовите на Алијанса за Албанците, Азир Алиу, денеска на Фејсбук објави дека останува во коалицијата ВЛЕН.