Државното Биро за кривични дела на Минесота објави дека Бетлер е висок 195 см, тежи околу 100 килограми, има кафеава коса и очи, и последен пат бил виден вчера во Минеаполис, облечен во светол каубојски шешир, темна кошула со долги ракави и светли панталони, носејќи темна торба.
Сенаторот од Минесота, Џон Хофман, и пратеничката во државното собрание Мелиса Хортман, заедно со нивните сопружници, беа ранети од мажи преправени во полицајци кои се појавиле пред нивните домови во Бруклин Парк и Чамплин, според полициски извори и локални медиуми.
Поранешниот помошник на гувернерот на Минесота, Тим Волц, се бара во врска со атентатот врз претставничката на државното собрание на Минесота, Мелиса Хортман (55) и нејзиниот сопруг.
Во тек е голема потрага по осомничениот за пукањата, кои се водат како политички мотивирани атентати, а во истрагата е вклучено и Федералното истражно биро (ФБИ) Двајца американски политичари од редовите на демократите, членови на законодавниот дом на сојузната држава Минисота утрово биле застрелани во нивните домови, во два одделни случаи, јавуваат медиумите во САД и во Велика Британија.