1 (157) ■ вести > свет > русија ■ 14-Jun 04:35 -> 16-Jun 19:30
.
.
.
.

Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади

  • Што е „Хаибар“ - новата ракета со која Иран му се заканува на Израел и ќе го „шокира светот“?

  • Израелско-ирански напади: Кои се најлошите можни сценарија?

  • Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град

Иран им соопштил на посредници од Оман и Катар дека Техеран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади, изјавија извори директно запознаени со разговорите.

По екслацијата на конфликтот со Израел, иранските власти вчера се заканија со лансирање на ракетата „Хаибар“, со драматично предупредување: „Светот ќе биде шокиран од она што ќе го види“.

Засега борбите меѓу Израел и Иран изгледаат ограничени на двете земји.

Над пет милиони Американци на протести против Трамп за време на одржувањето на воената парада во главниот град Во исто време, низ земјата се одржаа преку 2.100 протести против политиките на Трамп, со над пет милиони учесници, соопшти Американската унија за граѓански слободи (ACLU). „Денешните протести се силна порака дека луѓето низ целата земја нема да бидат заплашени од тактиките на застрашување на претседателот Трамп“, изјави во соопштение главната политичка застапничка на ACLU, Дирдре Шифелинг.

3 (20) ■ вести > македонија > политика > војна ■ 16-Jun 14:24 -> 16-Jun 17:45
.
.
.
.

НАШИНЦИ ВО ИЗРАЕЛ БАРААТ ДА БИДАТ ЕВАКУИРАНИ Уште утре со владиниот авион ќе бидат извлечени 8 лица

  • Муцунски: Осум македонски државјани од Израел ќе пристигнат во Скопје со авион на Владата

  • 28 македонски државјани побарале поддршка за евакуација од Израел

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска на прес-конференција изјави дека вкупно 28 лица се пријавиле да бидат евакуирани од Израел и оти евакуацијата ќе се врши со владиниот авион.

На денешната прес-конференција, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски соопшти дека МНР формирале кризен штаб, а телефонските контакти преку амбасадата на Македонија во Тел Авив успеаја да лоцираат 28 државјани кои побарале евакуација.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево на прес-конференција информираше за преземените активности поврзани со евакуацијата на македонските државјани од Израел.

4 (5) ■ вести > македонија ■ 16-Jun 17:42 -> 16-Jun 20:45
.
.
.
.

Сиљановска-Давкова: Проширувањето на ЕУ е геополитички и безбедносен императив

  • Злоупотреба на правото на вето, идентитетски условувања и историски ревизионизам - Сиљановска-Давкова во Тирана за проширувањето на ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана и посочи дека во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската Унија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Самитот на шефови на држави и влади на учесниците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Тирана и посочи дека во услови на драматични геополитички промени, со сè помалку мултилатерализам и сè повеќе мултиполарност, со војна на тлото на Европа – интеграцијата е неодложен геополитички и безбедносен императив за Европската Унија.

6 (25) ■ вести > македонија ■ 16-Jun 12:03 -> 16-Jun 17:45
.
.
.
.

Министерството за финансии денеска или најдоцна утре ќе пушти писма до банките за финансирање на брзата пруга од Коридорот 10

  • Димитриоска Кочоска: Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме никакво влијание

  • Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток

Министерството за финансии денеска или најдоцна до крајот на утрешниот ден ќе пушти писма до банките кои би доставиле понуди за финансирање на проектот за брзата пруга од Коридорот 10. Како што изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска, крајниот рок до кога банките би ги поднесувале понудите се уште не е дефиниран.

Горивата се берзански производ на кој не можеме да имаме апсолутно никакво влијание, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.

7 (17) ■ вести > свет ■ 15-Jun 11:46 -> 16-Jun 20:45
.
.
.
.

Главна тема на разговорот меѓу Ердоган и Путин беше конфликтот Иран - Израел

  • Ердоган упати јасен повик до Сирија да не се „меша“ во војната меѓу Израел и Иран: Држете се настрана

Од: А1он Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин разговараа по телефон, соопшти администрацијата на турскиот претседател.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган упати јасен повик до сириските власти да не се мешаат во растечкиот конфликт на Блискиот Исток, велејќи дека „спиралата на насилство предизвикана од Израел го загрозува целиот регион“.Во телефонски разговор со Фајсал ал-Шара, висок сириски функционер, Ердоган ја нагласи важноста Дамаск „да се држи подалеку од оваа конфликтна средина“.Ердоган, исто така, предупреди дека сириските власти мора да бидат повнимателни во врска со активностите на терористичките групи, особено во време на зголемени тензии.

Повеќе од
оваа категорија

40 (24) ■ спорт ■ 14-Jun 21:36 -> 16-Jun 16:06
.
.
.
.

Расел: Oдличен ден за целиот тим, cреќен сум што го гледам и Кими на подиумот

  • Расел пред Ферстапен на пол-позицијата во Канада

  • (Видео) Расел победи во Канада, судар меѓу Норис и Пјастри

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, изјави дека е среќен за победата на трката во Формула 1 во Канада, но и за првиот пласмн на подиумот на неговиот клупски колега, Андреа Кими Антонели.„Прес одличен ден за целиот тим.

Возачот на Мерцедес, Џорџ Расел, ја освои пол-позицијата пред Големата награда на Канада, 10-та трка од овогодинешното првенство во Формула 1. На патеката „Жил Вилнев“, Британецот го забележа својот прв триумф во квалификациите оваа сезона, со круг од 1:10.899 минути, со десетинка и половина предност пред Макс Ферстапен во болидот на Ред Бул.

Џорџ Расел победи на трката за Големата награда на Канада.

Повеќе од
оваа категорија

115 (23) ■ бизнис > македонија ■ 14-Jun 10:07 -> 14-Jun 16:24
.
.
.
.

Планираме да носиме мерки за цените, ќе делуваме ако има непринципиелно однесување на трговците, најави Мицкоски

  • Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи

  • Мицкоски: Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следи состојбата со цените и најавува дека ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни однесувања од страна на трговците.

На манифестацијата „Од нива до трпеза“ што се одржува денеска во Скопје премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за поддршка на македонското земјоделство, истакнувајќи дека Владата е посветена на неговиот развој и поддршка на производителите.

Денес сме тука да ја испратиме силната порака дека македонската земја храни, дека македонската трпеза има иднина, и дека македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира-на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата, рече Премиерот Мицкоски во своето денешно обраќање на манифестацијата „Од нива до трпеза“.