Тој на сопствената мрежа „Трут соушл“ (Truth social) објави дека знае каде се крие иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, но оти засега не е планиран напад врз него.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави серија пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која побара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“. Во претходните најави, Трамп изјави дека САД сега имаат „целосна контрола врз небото над Иран“ и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.
Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.