Министерството за внатрешни работи ја информираше јавноста дека по вчерашниот инцидент во Општина Чаир, врз основа на оперативни сознанија и безбедносна проценка изготвена од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), донесена е одлука за определување 24-часовни мерки за обезбедување на градоначалничката на Град Скопје, г-ѓа Данела Арсовска.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска била физички и вербално нападната додека извршувала службени обврски во скопската општина Чаир, потврди Министерството за внатрешни работи.
Општина Чаир најостро го осудува неодамнешниот инцидент меѓу градоначалничката на Градот Скопјe, Данела Арсовска, и неколку лица на територијата на оваа општина.
„Градоначалничката во текот на денешниот ден ќе биде контактирана од надлежните служби со цел да се координираат нејзините активности во согласност со мерките за лична заштита.