1 (6) ■ вести > македонија ■ 07-Jul 17:14 -> 07-Jul 20:15
.
.
.
.

Притвор за скопјанец - најпрво украл возило, потоа извршил грабеж во угостителски објект

  • Предлог притвор за лице осомничено за одземање автомобил и тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Одземање моторно возило по член 242 став 1, како и – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик, соопшти вечерва Јавното обвинителство.

3 (18) ■ вести > македонија ■ 07-Jul 14:02 -> 07-Jul 17:45
.
.
.
.

Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

  • ЗЕМЈОТРЕС ГО ПОТРЕСЕ ВАЛАНДОВО Се почувствува и во Струмица

Сеизмолошката опсерваторија денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и во блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

5 (64) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 06-Jul 14:31 -> 07-Jul 20:15
.
.
.
.

МВР: Поради пожар целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце

  • Пренасочен сообраќајот кај Блаце поради пожар: Забрана за товарни возила, еве како до и од граничниот премин

  • НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси

  • ВИДЕО: Два полициски хеликоптери го гаснат пожарот во околината на Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци, а затворен е и граничниот премин Блаце, информираат од МВР.

Министерството за внатрешни работи информира дека поради настанатиот пожар над магистралниот пат А4 Скопје – Блаце кај тунелот кој се проши над магистралниот пат, сообраќајот е пренасочен за патничките возила, а во прекин е за товарните моторни возила.

НОРАМЛИЗИРАН Е СООБРАЌАЈОТ КОН ГРАНИЧКИОТ ПРЕМИН БЛАЦЕ Укината е и забраната за камиони и автобуси Фото: Принтскрин Патниот сообраќај до граничниот премин Блаце ноќеска е нормализиран и е укината забраната за товарните моторни возила и за автобусите, соопшти МВР.

Министерство за внатрешни работи Денеска од 05.00 часот полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за полициски намени бел 412 и агуста бел 212 се активни во гасењето на пожарот во реонот на Блаце.

7 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jul 12:56 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

(ВИДЕО)Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани - не гласаа за амандманот на СДСМ

  • СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани - 934 милиони денари помош за настраданите

Владата не не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ , истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

9 (127) ■ вести > свет > сад > војна ■ 05-Jul 00:00 -> 07-Jul 19:43
.
.
.
.

Трамп ги исмеа плановите на Маск за нова партија, опишувајќи ги како „апсурдни и збунувачки“

  • Трамп: Не сум сигурен дека можам да ја сопрам војната во Украина

  • Продолжува судирот меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот

  • Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

Еден ден откако Маск го ескалираше конфликтот со Трамп објавувајќи создавање на нова партија, новинарите го прашаа американскиот претседател за коментар пред неговото заминување од Мористаун, Њу Џерси, каде што беше во посета на локален голф-клуб.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е сигурен дека може да ја заврши војната во Украина, што е сосема спротивно на неговото ветување на почетокот на функцијата за брзо завршување на конфликтот.

Несогласувањата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и технолошкиот милијардер Илон Маск, често опишувани како судир меѓу најмоќниот и најбогатиот човек во светот, достигна нова ескалација откако сопственикот на Тесла, Спејс Икс и Старлинк, објави дека ќе формира нова политичка партија, претставувајќи ја како предизвик за двопратискиот систем на републиканците и демократите.

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу незадоволен“ од телефонскиот разговор што го имал со рускиот претседател Владимир Путин, кој не довел до напредок кон завршување на војната во Украина.

10 (43) ■ вести > свет > сад ■ 06-Jul 06:17 -> 07-Jul 20:15
.
.
.
.

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • ПУТИН НА САМИТОТ НА БРИКС: Светот доживува радикални промени, униполарниот систем е минато

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Во Рио де Жанеиро денеска и утре се одржува 17 Самит на БРИКС, на кој ќе учествуваат претседатели и премиер на земји-членки и на земји-партнетри.

Фото: ЕПА Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир – изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи преку видео врска на самитот на БРИКС што се одржува во Рио де Жанеиро.

13 (19) ■ вести > македонија > политика > бензин ■ 06-Jul 10:15 -> 07-Jul 17:15
.
.
.
.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

  • Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Еуросупер БС-95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС-98 ќе биде 76 денари, дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е V) 70 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари и мазутот М-1 НС 39,409 денари Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30 јуни.

14 (14) ■ вести > македонија > политика > вмро-дпмне ■ 07-Jul 13:04 -> 07-Jul 19:15
.
.
.
.

Во штаб не биле информирани: Кочани има аплицирано на повикот на Владата за превенција од пожари!

  • ВМРО-ДПМНЕ: Опасна незаинтересираност на в.д. градоначалникот на Кочани, ја загрозува јавната безбедност

Општина Кочани има аплицирано по повикот на Владата за активната мерка Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување) – формуларот е уредно испратен – соопшти в. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски, по прес-конференцијата на Владата на која беше истакнато спротивното.– Ја поздравувам оваа пилот-мерка на централната власт и очекувам дека Владата ќе одобри ангажман на 23 лица за превенција од пожари на територијата на Општина Кочани со ридско-планинскиот регион – додава Крстевски, истакнувајќи ја реалната потреба од вработување на нови 15 професионални пожарникари во Територијалната противпожарна единица – Кочани.– Исто така ја користам можноста да потсетам дека Општина Кочани веќе пет месеци чека Министерството за финансии да даде согласност за нови вработувања во новата детската градинка „Детелинки“, за коишто се планирани финансии во буџетот.

Printscreen / Facebook / Venko Krstevski Во тек е оглас за ангажирање на 400 нови пожарникари во рамки на големата државна мерка за јакнење на Противпожарните единици.

Повеќе од
оваа категорија

4 (31) ■ спорт > тенис ■ 05-Jul 19:00 -> 07-Jul 18:30
.
.
.
.

Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на Вимблдон

  • Ѓоковиќ го декласира сонародникот Кецмановиќ во третото коло на Вимблдон

  • Ноле во Србија од херој до омразен поради „пумпањето“ за српската опозиција

  • Доминација на Новак, негова 100-та победа на Вимблдон

Ранетиот лав е најопасен: Ѓоковиќ го елиминира Де Минор и обезбеди четвртфинале на ВимблдонСрпскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ продолжува со одличните настапи на Вимблдон, откако денес извојува важна победа над Австралиецот Алекс Де Минор со 3:1 во сетови – 1:6, 6:4, 6:4, 6:4 – и обезбеди пласман меѓу најдобрите осум на престижниот гренслем турнир.

Во српското дерби во третото коло на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ го победи Миомир Кецмановиќ со 3:0, во сетови 6:3, 6:0, 6:4. Мечот на Централниот терен траеше еден час и 47 минути.

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ истакна дека секој историски успех постигнат на неговиот омилен турнир Вимблдон му значи многу.

Новак Ѓоковиќ ја оправда фаворитската улога против Миомир Кецмановиќ во српскиот дуел на Вимблдон, и со преубедливи 6-3, 6-0, 6-4 се најде во осминафиналето на гренслем турнирот кој се игра на тревната подлога.

66 (46) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:08 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

Баерн му вети безрезервна поддршка на повредениот Мусиала

  • ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

  • Нојер бесен на Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала, не се извини додека не го натерав

  • Хорор повреда на Мусиала: Донарума во шок откако ја повреди ѕвездата на Баерн (ВИДЕО)

Извршниот директор на минхенски Баерн Минхен, Макс Еберл, вети целосна поддршка од клубот за германскиот репрезентативец Џамал Мусијала, кој претрпе фрактура на фибулата на левата нога за време на четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД против ПСЖ.

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со 2:0, натпревар кој го обележа сериозната повреда на Џамал ​​Мусиала.

Најголемата ѕвезда на Баерн (М), Џамал Мусијала претрпе тешка повреда на левата нога на крајот од првото полувреме од четвртфиналниот натпревар на Светското клупско првенство меѓу неговиот Баерн и ПСЖ.

Повеќе од
оваа категорија

152 (2) ■ бизнис > свет > сад ■ 07-Jul 14:30 -> 07-Jul 16:49
.
.
.
.

ЕК без коментар за најавите од САД за одложување на царините и испраќање писма до трговските партнери

  • ЕК не ги коментира најавите од САД за одлагање на царините до 1 август и за испраќање писма до трговските партнери

Европската комисија не сакаше да даде коментар за најавите кои пристигнаа од Вашингтон во врска со одложувањето на влегувањето во сила на одлуката за тарифи од 50 отсто за увоз во САД до 1 август, како и за испраќањето писма со детали за нови даночни стапки и трговски спогодби до американските економски партнери, рече денес портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини, Олоф Гил.

Европската комисија не ги коментира најавите од Вашингтон за одлагање на стапувањето во сила на одлуката за царини од 50 отсто за увоз во САД до 1 август, како и за испраќањето писма со детали за нови царински стапки и трговски договори до американските трговски партнери, изјави денеска портпаролот на ЕК за економска безбедност, трговија и царини Олоф Гил.

173 (2) ■ магазин > астро ■ 07-Jul 14:14 -> 07-Jul 15:30
.
.
.
.

На 10 јули пристигнува полна месечина во рак: Им носи голем бран на среќа и изобилие на ОВИЕ 5 хороскопски знаци

  • ▷ На 10 јули пристигнува полна месечина во рак - носи голем бран на среќа на некои хороскопски знаци

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

122 (31) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 07-Jul 09:30
.
.
.
.

Еве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд! ” - Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен

  • Македонецот Никола Станишиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“

  • Цеца откри непознати детали за Никола Станишиќ: „Имаше трагедија во семејството...“

  • (Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

НасловнаЗабаваЕве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” – Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен You cannot print contents of this website.

Синоќа се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а ласкавата титула му припадна на Никола Станишиќ (25) од Македонија.

Синоќа, Никола Станишиќ од Македонија го освои големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ за 2025 година.

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани од Еспресо09:50 - 6 јули, 202508:41 - 6 јули, 2025 Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

423 (4) ■ сцена > култура ■ 05-Jul 18:16 -> 07-Jul 08:14
.
.
.
.

Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

  • ▷ Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов претставуваат во Грција.

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”). Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.

Во месец јуни, деветмина меѓународни уметници, вклучувајќи ги Сергеј Андреевски од Скопје, Ан Лизе Бројер од Париз, Стано Бубан од Братислава, Маријана Кацарас од Тунис, Маркос Хаџипатерас од Лондон и Атина, Никола Пијанманов од Струмица, Герлинде Пистнер од Нирнберг, Кристина Рахме од Бејрут и Карла Салем од Лондон и Бејрут, се потопија во прекрасниот пејзаж, архитектурата и старинските приказни вградени во камењата и древните патеки на островот Андрос.

55 (3) ■ технологија ■ 07-Jul 12:47 -> 07-Jul 17:30
.
.
.
.

Samsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство

Новите иновации како што се Knox Enhanced Encrypted Protection, унапредениот одговор на закани со Knox Matrix и Secure Wi-Fi со заштита отпорна на квантни напади ја зајакнуваат приватноста и контролата на корисниците кај новите Galaxy уреди Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја зацврстуваат посветеноста на Samsung да понуди моќна и доверлива мобилна технологија во бргупроменливиот дигитален свет, преку воведување на нови заштити за AI што работи на самиот уред, проширување на детекцијата на закани низ различни уреди и унапредување на безбедноста на мрежите со енкрипција отпорна на квантни компјутери.