Американскиот претседател Доналд Трамп го претстави новиот безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со сериозни секундарни царини, доколку во рок од 50 дена не прифати договор за завршување на војната во Украина.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе испрати ракети за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина, велејќи дека тие се потребни за одбрана на земјата бидејќи рускиот претседател Владимир Путин „зборува убаво, но потоа бомбардира сè ноќе“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, одби да одговори на прашањето колку далеку е подготвен да оди против рускиот претседател Владимир Путин доколку има нова ескалација на војната во Украина.„Не ми го поставувајте тоа прашање“, одговори видливо вознемирениот Трамп, додавајќи дека неговата цел е да „ја заврши војната“.Трамп и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес презентираа нов безбедносен модел за помош на Украина во Белата куќа – САД ќе произведуваат оружје што членките на НАТО ќе го финансираат и ќе го доставуваат до Киев.