ВМРО-ДПМНЕ му одговара на честитката на Заев до Ципрас по повод Преспанскиот договор во една реченица.
Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас по повод седумгодишнината од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој беше решен деценискиот спор за името помеѓу Македонија и Грција.
Во селото Нивици на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, на денешен ден во 2018 г. Северна Македонија и Грција го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор помеѓу двете земји за името на нашата земја, со што се деблокира патот на Македонија за членство во НАТО Пред седум години екипа на „360 степени“ присуствуваше во Нивици на церемонијата на потпишувањето на договорот.
Поранешниот премиер Зоран Заев му честиташе на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас за седмата годишнина од потпишувањето на Преспанскиот договор, со кој се реши деценискиот спор за името меѓу Македонија и Грција.„Драг Алексис, во време на војни и хаотичен свет, се повеќе сум среќен што успеавме да го постигнеме Преспанскиот договор, да изградиме трајно пријателство меѓу нашите соседни земји, Северна Македонија и Грција, но и да оставиме исклучително позитивен белег на Балканот, во Европа и во светот, дека дури и најтешките прашања меѓу земјите можат да се решат преку дипломатија“, напиша Заев во пораката.