Премиерот Христијан Мицкоски објави дека Република Македонија се вбројува меѓу државите членки на НАТО кои веќе ги надминуваат нормите за финансиски средства за одбраната, со повеќе од 2,5 проценти од бруто домашниот производ (БДП). „Македонија одамна има буџет за одбраната кој е над 2 проценти“, рече Мицкоски.
Се надевам дека во периодот кој што следи заеднички ќе го одблокираме овој процес, достоинствено, бидејќи една од суштинските европски вредности е токму достоинството.
Претседателот на Европскиот Совет Антонио Кошта кој е во посета на Скопје, се сретна со премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информира владината прес-служба, посетата на Кошта има за цел да ја потврди решителната поддршка на Европската Унија за интеграцијата на земјите од Западен Балкан.