Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на денешната конференција за новинари посветена на сработеното во досегашниот мандат потенцираше дека со преземањето на министерството затекнале нефукционален систем, институција без јасна организација, без услови за работа со изгубена доверба кај граѓаните и нагласи дека таква слика на тага и немоќ не смее никогаш повеќе да се види.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прес-конференција во Владата на која ги презентира резултатите на МВР и сработеното во изминатата година изјави дека не е задоволен од фактичката состојба во сообраќајот.
Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните.