1 (17) ■ сцена > астро ■ 24-Jun 19:45 -> 26-Jun 18:45
.
.
.
.

Месечен хороскоп за јули 2025: Близнаци

  • Животот ќе им се промени на овие три хороскопски знаци во јули

Јули е месец на изненадувања, нови идеи и враќање на стари теми, особено во комуникацијата, ставовите и односот со себе.

Хороскопот за јули 2025 открива дека три знака влегуваат во судбински важен месец.

2 (340) ■ вести > свет > нато > војна ■ 24-Jun 00:45 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Бил зафатен со Иран и Газа: Нетанјаху бара одложување на рочиштето во судењето за корупција

  • Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир поради ставање крај на војната меѓу Иран и Израел

  • НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“

  • Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

Facebook/Benjamin Netanyahu Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху побара одложување на судското рочиште во процесот кој се води против него за корупција, наведувајќи ги „регионалните и глобални случувања“ од 12-дневната војна на Израел со Иран, како и континуираните борби во Појасот Газа.

Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

НЕТАНЈАХУ ПРОГЛАСИ ИСТОРИСКА ПОБЕДА „Трамп се вклучи на невиден начин во војната“ Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече израелскиот премиер неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

4 (11) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 13:06 -> 26-Jun 17:30
.
.
.
.

Мицкоски: По 7 години застој градиме интерконектор за гас со Грција, ќе станеме земја која извезува електрична енергија

  • МАКЕДОНИЈА СТАНУВА ИЗВОЗНИК НА СТРУЈА И ТРАНЗИТНА ЗЕМЈА ЗА ГАС Мицкоски најави голем пресврт во енергетиката

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека конечно по 7 години застој се работи на интерконекторот за гас со Грција и стануваме земја низ која ќе транзитира гас, што заедно со другите проекти во енергетиката од увозно зависна земја, ќе нè направат земја која извезува електрична енергија што ќе влијае позитивно во финансиските биланси.

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска на собраниската седница за пратенички прашања објави дека по седум години застој, конечно започна реализацијата на гасниот интерконектор со Грција – проект кој ќе ја трансформира енергетската карта на Македонија.

6 (7) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 14:57 -> 26-Jun 18:45
.
.
.
.

Јаневска: Од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит во „Георги Димитров“, 50 проценти не положија

  • Пресврт во гимназијата „Георги Димитров“: Половина од одличните ученици паднаа на приемен испит - Јаневска најавува крај на „поправањето“ оценки

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска од собраниската говорница информираше дека од 75 одлични ученици кои полагаа приемен испит за да се запишат во гимназијата „Георги Димитров“, половина од нив не го положиле испитот што според неа е резултат на досегашната пракса да се пишуваат оценки кои не соодветствуваат со знаењето на ученикот.

8 (22) ■ вести > македонија ■ 25-Jun 17:45 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

„ОВА НЕ Е ПЛАН НА ХАРТИЈА, ОВА Е ШАНСА ЗА СЕКОГО “ Владата отвора порти за нови бизниси и нова иднина

  • Дурмиши: Во завршна фаза е потрошувачката кошница, ќе биде реална и добро изработена

  • Дурмиши: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија, граѓаните треба да знаат - Владата не ги остава сами

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска ја посети Општина Желино, каде што заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, се сретна со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции.

Во завршна фаза е изработка на официјална потрошувачка кошница за четиричлено семејство, со цел да се дефинираат реални социјални и економски мерки без простор за манипулции, соопшти министерот за економија и труд Бесар Дурмиши.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска (25 јуни) ја посети Општина Желино, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, оствари средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции.

9 (76) ■ вести > македонија > хроника ■ 24-Jun 17:24 -> 26-Jun 04:27
.
.
.
.

Туфегџиќ: Зошто институциите не спречиле ниту предвиделе сериозен криминален план за киднапирање на луѓе кој обвинетите го правеле уште од 2022 година? - Pressing TV

  • Доживотен затвор за убиството на Вања и Панче

  • Доживотен затвор за убијците на Вања и Панче, таткото на Вања ослободен од обвинение

  • Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за таткото на Вања

По денешната ослободителна пресуда за обвинетиот Александар Ѓорчевски, неговиот бранител, адвокат Владимир Туфегџиќ јавно ја критикуваше истрагата, велејќи дека институциите не одговориле на суштинските прашања поврзани со случајот, киднапирањето и убиството на Вања Ѓорчевска.

Кривичниот суд пресуди доживотен затвор за Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов за грабнување и за убиството на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај што ја потресе целата јавност.

Кривичниот суд во Скопје ги прогласи за виновни и изрече доживотни казни затвор за четворицата обвинети за киднапирање и бруталното убиство на 14-годишната Вања Ѓорѓевска и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.

Обвинителството ќе се жали на ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска, кој беше обвинет дека помагал со информации за нејзино грабнување.

10 (69) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jun 07:23 -> 26-Jun 16:15
.
.
.
.

Мицкоски: Ќе сториме се што е во наша моќ за да ги почнеме преговорите со ЕУ, но тоа нема да го направиме како „модерни“ Македонци

  • Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

  • Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите - укинати субвенции, стопирани програми

  • Филипче до Мицкоски: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

Ќе сториме се што е во наша моќ да ги почнеме преговорите, но тоа нема да го направиме како модерни Македонци, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање поставено од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за тоа дали Владата има временска рамка до кога ќе се обидува да изнајде некаква промена на нашата преговарачката позица или постои можност целиот владин мандат да помине во барањето на подобрата позиција.

Добро е што се усвои извештајот, но за жал, од друга страна, тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за Телевизија 24. Филипче во изјавата посочи дека македонскиот јазик е потврден, благодарение на државничките одлуки на Владата на СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.

Во рамки на теренските активности, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, беше во Кавадарци каде што оствари средби со граѓани и со членови на СДСМ.

11 (5) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 16:28 -> 26-Jun 18:45
.
.
.
.

НИКОЛОСКИ: Арсовска прави спектакли, за градбите за кои говори надлежен е Град Скопје

  • Николоски: Наместо спектакли, градоначалничката на Град Скопје да излезе со градежна инспекција на терен

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби.

Министерството за транспорт и врски има надлежност да постапува само за градби од А категорија, а за градбите за кои говори секојдневно градоначалничката од Град Скопје надлежен е Градот, изјави попладнево министерот за транспорт и врски Александар Николоски одговарајќи на пратеничко прашање дали провериле што се случува во општина Чаир каде, според објавите на скопската градоначалничка, се градат дивоградби.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

51 (22) ■ бизнис > економија ■ 25-Jun 08:16 -> 26-Jun 07:07
.
.
.
.

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

  • Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

  • СЛАВЕСКИ ПРЕДЛАГА ДА СЕ УКИНАТ БАНКАРСКИТЕ ПРОВИЗИИ Гувернерот седна на маса со банките

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.

На денешната средба со претставници на банките од Македонската банкарска асоцијација (МБА), гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, рече дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат одржливи за банките, но истовремено фер и прифатливи за корисниците Народната банка на Република Северна Македонија ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се оние поврзани со долговен промет.

Народната банка на Македонија ќе работи со комерцијалните банки во насока да се намалат или целосно да се укинат трошоците за платежни услуги кои, во нето износ, заземаат околу 18% од вкупните нето приходи на банките.

52 (7) ■ бизнис > економија ■ 26-Jun 07:28 -> 26-Jun 12:15
.
.
.
.

Славески и Рокас разговараа за инфлацијата и геополитичките ризици: Клучна е улогата на НБРМ за стабилност

  • Славески: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток, биле тема на разговор на првата официјална средба на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток.

213 (10) ■ бизнис > економија ■ 24-Jun 13:08 -> 25-Jun 10:30
.
.
.
.

Годишно собрание на Хеленик енерџи: Силни основи за нова стратегија за развој

  • Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

Силен развој во сложени услови Во своето обраќање, Сиамисис ја разгледа економската ситуација во Грција и на глобалната сцена, истакнувајќи предизвици како притисоците од инфлацијата, високите трошоци за енергија во индустријата и геополитичката нестабилност која влијае на енергетските пазари и развојните стратегиите на енергетските компании.

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност.

27 (5) ■ сцена > life ■ 26-Jun 13:00 -> 26-Jun 18:15
.
.
.
.

Над 500 видови птици ќе исчезнат до крајот на веков

  • Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

Додека нечии последни мавтања со крилјата и звуци на птичјата песна одекнуваат над шумите, мочуриштата и морските гребени, научниците предупредуваат дека доколку не се преземат итни мерки за зачувување, повеќе од 500 видови би можеле да бидат изгубени засекогаш наредниве 100 години, според напис објавен во списанието „Нејчр“ за екологија и еволуција (Nature Ecology and Evolution). Нивното исчезнување би било тивка трагедија за природата, бидејќи птиците се чувари на природната рамнотежа, од којашто зависи и самиот човечки опстанок, пишува српскиот портал „Политика“.

41 (26) ■ сцена > занимливости ■ 24-Jun 11:45 -> 26-Jun 17:30
.
.
.
.

📷 БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ ПРИСТИГНАА ВО ВЕНЕЦИЈА СО ПРИВАТЕН ХЕЛИКОПТЕР Идните младенци се сместија во хотел каде ноќевање чини 10.000 евра

  • Ќерката на Трамп ќе биде гостинка на свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез

  • Огромен транспарент против Џеф Безос се појави во Венеција, демонстрантите бараат да плаќа повеќе даноци

📷 БЕЗОС И ЛОРЕН САНЧЕЗ ПРИСТИГНАА ВО ВЕНЕЦИЈА СО ПРИВАТЕН ХЕЛИКОПТЕР Идните младенци се сместија во хотел каде ноќевање чини 10.000 евра Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, и неговата свршеница Лорен Санчез, пристигнаа во Венеција во средата пред нивните раскошни повеќедневни свадбени прослави во италијанскиот град.

Се ближи свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, закажана за идната недела во Венеција, каде Иванка Трамп пристигна како една од многуте познати гости на идните младенци.

Огромен транспарент против основачот на „Амазон“ Џеф Безос, чија свадба наскоро треба да се одржи во овој италијански град, вчера се појави на плоштадот „Свети Марко“ во Венеција.

67 (31) ■ сцена > занимливости ■ 24-Jun 02:00 -> 26-Jun 13:15
.
.
.
.

Точка

  • Најстарата ќерка на Анџелина Џоли става крај на гласините: Уживаше во Дизниленд со своето ново момче

  • Партнерката на Бред Пит воодушеви со својата елеганција на црвениот тепих: Го истакна деколтето со сребрен фустан

  • Бред Пит и Том Круз се воодушевени од средбата: „Вака изгледа пријателството што трае со години“

Главните ѕвезди на црвениот тепих биле Том Круз и Бред Пит, а покрај нив големо внимание привлекле и актерите Дамсон Идрис, Патрик Шварценегер и Ешли Симон, како и возачот на формула 1 Луис Хамилтон.

Захара Џоли-Пит, најстарата ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, го започна своето лето во Дизниленд, во друштво на Елајџа М. Купер, за кого се шпекулира дека е нејзиното ново момче.

Синоќа, Бред Пит и неговата партнерка Инес де Рамон се појавија на црвениот тепих во Лондон на премиерата на филмот „Ф1“, а Рамон привлече посебно внимание со своето модно издание.

НасловнаЗабаваБред Пит и Том Круз се воодушевени од средбата: „Вака изгледа пријателството што трае со години“ You cannot print contents of this website.

83 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

104 (5) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 26-Jun 12:15
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

249 (4) ■ сцена > здравје ■ 25-Jun 11:00 -> 25-Jun 23:31
.
.
.
.

Јапонски метод на одење - за подобра кондиција без исцрпеност

  • „Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

Среде море од нови фитнес трендови, јапонската рутина за одење доби голема популарност во последните месеци, особено на TikTok.Тоа е едноставна, но интензивна форма на одење која ветува опипливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок – ако се прави редовно.

Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Новиот „Тик-ток“ тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index). Што претставува „јапонското одење“?