1 (11) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Jul 12:56 -> 07-Jul 18:00
.
.
.
.

(ВИДЕО)Спасовски: Власта повторно не покажа ниту одговорност, ниту волја за помош за жртвите во Кочани - не гласаа за амандманот на СДСМ

  • СДСМ поднесе амандман за трагедијата во Кочани - 934 милиони денари помош за настраданите

Владата не не само што не покажа слух и не го прифати амандманот на СДСМ , истовремено не понуди ниту образложение зошто нема потреба да се прифаќа амандман за помош на семејствата на настраданите во Кочани, потенцираше координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски на денешната прес-конференција откако на амандманската расправа за ребаланс на Буџетот, пратенците од власта не гласаа за амандманот на СДСМ и коалицијата.

Пратеничката група на СДСМ и коалицијата поднесе амандман во Собарнието со кој се бара финансиска поддршка за семејствата на загинатите и повредените во најголемата трагедија во поново време — пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 62 лица, а над 250 беа повредени со трајни последици.

2 (16) ■ вести > македонија ■ 07-Jul 14:02 -> 07-Jul 17:45
.
.
.
.

Земјотрес во Македонија, еве каде беше епицентарот

  • Земјотрес почувствуван во Валандово и Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 123 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово, Струмица и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Сеизмолошката опсерваторија денеска во 13 часот и 35 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Валандово.

7 (19) ■ вести > македонија > политика > бензин ■ 06-Jul 10:15 -> 07-Jul 17:15
.
.
.
.

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

  • Oд полноќ поскап дизел и поевтин бензин

Еуросупер БС-95 ќе чини 74 денари, еуросупер БС-98 ќе биде 76 денари, дизел-горивото еуродизел БС (Д-Е V) 70 денари, екстра лесното 1 (ЕЛ-1) 69,50 денари и мазутот М-1 НС 39,409 денари Од ноќеска на полноќ се намалуваат малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 за 1,50 денари/литар и на мазутот М-1 НС за 0,174 денари/ килограм, а еуродизел (Д-Е V) поскапува за 0,50 денари/литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.

Регулаторната комисија за енергетика донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,73% во однос на одлуката од 30 јуни.

8 (21) ■ вести > македонија > политика > граѓани ■ 07-Jul 09:41 -> 07-Jul 16:45
.
.
.
.

Азир Алиу: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

  • Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, доцнење во давање здравствена услуга

  • Алиу: Продолжуваме да работиме на унапредување на здравствениот систем и да ги спроведуваме новите мерки и реформи

Вкупно 39 граѓани пријавиле проблеми со кои се соочиле во некоја од здравствените установи, а некои од нив се непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, мито, доцнење во пружање здравствена услуга.

Граѓаните кај министерот за здравство се жалат на мито, непрофесионално однесување, игнорирање пациенти, немање соодветен треман, неисполнување на должностите, одбивање на услуга, доцнење во давање здравствена услуга, изјави денеска на прес-конфренција во Владата министерот за здравство Азир Алиу по повод една година Влада.

Printscreen / Youtube / Влада Проекти и мерки реализираа во изминатиот период Владата и Министерството за здравство.

9 (16) ■ вести > македонија > хроника > мвр ■ 07-Jul 11:07 -> 07-Jul 17:30
.
.
.
.

Човек и добиток пронајдени изгорени по пожар во штали кај железничката станица Ѓорче Петров

  • Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров - прва жртва од пожарите во Скопско

Изгорено човечко тело и изгорени грла добиток пронашле пожарникарите вчеравечер откако изгасиле пожар што избувнал кај мост на Лепенец, во близина на Железничка станица Ѓорче Петров.

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина на железничката станица во Ѓорче Петров, потврдија од Министерството за внатрешни работи за „Макфакс“.Пожарот, пријавен околу 18 часот, првин зафатил сува трева, но потоа се проширил и на неколку помошни објекти и штали, во кои имало домашни животни.

11 (41) ■ вести > свет > сад ■ 06-Jul 06:17 -> 07-Jul 13:31
.
.
.
.

Трамп: За земјите кои соработуваат со БРИКС ќе има дополнителни царини

  • Во Рио де Жанеиро се одржува 17 Самит на БРИКС

  • Бразилскиот претседател го отвори самитот на БРИКС со повик за мир во Украина и „запирање на геноцидот во Газа“

  • ПУТИН НА САМИТОТ НА БРИКС: Светот доживува радикални промени, униполарниот систем е минато

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека секоја земја што ја поддржува политиката на БРИКС, која е спротивна на интересите на САД, ќе се соочи со дополнителна царина од 10 проценти.

Во Рио де Жанеиро денес и утре се одржува 17-тиот Самит на БРИКС, на кој ќе земат учество претседатели и премиери на земјите-членки и на земјите-партнери.

Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир, изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.

БРИКС добива сè повеќе истомисленици меѓу земјите од глобалниот Југ и Исток, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин, зборувајќи преку видео врска на самитот на БРИКС што се одржува во Рио де Жанеиро.

14 (49) ■ вести > свет > израел > војна ■ 05-Jul 08:07 -> 07-Jul 15:51
.
.
.
.

Протести во Вашингтон за време на посетата на Нетанјаху

  • Израел го разгледува одговорот на Хамас за примирје, во меѓувреме уште најмалку 40 убиени во Појасот Газа

  • Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

  • Палестински извори брифираат дека не е постигнат договор за примирје меѓу Израел и Хамас

Протести започнаа уште во неделата навечер и ќе продолжат, бидејќи израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон, за да разговараат за ситуацијата во Иран и Газа.

Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе.

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.

Без договор завршија разговорите што се одржаа во Катар помеѓу претставници на Хамас и Израел за можен прекин на огнот.

Повеќе од
оваа категорија

87 (43) ■ спорт > фудбал > германија ■ 05-Jul 17:08 -> 07-Jul 15:13
.
.
.
.

Нојер бесен на Донарума: Знаеше дека ќе го повреди Мусиала, не се извини додека не го натерав

  • (ВИДЕО) Хорор сцена од Мундијалот: Донарума му ја скрши ногата на Мусијала

  • ВИДЕО: Хорор повреда, Донарума му ја скрши ногата на Мусиала, цел стадион во шок

  • Донарума го налутил Нојер: Такви работи не смеат да се случуваат!

Во четвртфиналето на Светското клупско првенство, ПСЖ го победи Баерн со 2:0, натпревар кој го обележа сериозната повреда на Џамал ​​Мусиала.

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусијала заработи сериозна повреда на ногата.

Четвртфиналниот дуел на Светското клупско првенство помеѓу Пари Сен Жермен и Баерн беше обележан со ужасна сцена на крајот од првото полувреме, кога Џамал ​​Мусиала заработи сериозна повреда на ногата.

Пари Сен Жермен го совлада Баерн Минхен и избори полуфинале на Светското клупско првенство, но триумфот на „светците“ го засени сериозната повреда на младиот Џамал Мусиала.

Повеќе од
оваа категорија

113 (2) ■ магазин > астро ■ 07-Jul 14:14 -> 07-Jul 15:30
.
.
.
.

На 10 јули пристигнува полна месечина во рак: Им носи голем бран на среќа и изобилие на ОВИЕ 5 хороскопски знаци

  • ▷ На 10 јули пристигнува полна месечина во рак - носи голем бран на среќа на некои хороскопски знаци

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

Полната месечина на 10. јули пристигнува со силен енергетски набој и навестува значајни животни пресврти кај многумина Според астрологијата, полната месечина носи кулминација и го осветлува сето она што дотогаш било нејасно, отворајќи врати кон нови увиди, емоции и одлуки.

124 (31) ■ сцена > музика ■ 05-Jul 12:45 -> 07-Jul 09:30
.
.
.
.

Еве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд! ” - Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен

  • Македонецот Никола Станишиќ е победник на „Ѕвездите на Гранд“

  • Цеца откри непознати детали за Никола Станишиќ: „Имаше трагедија во семејството...“

  • (Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани

НасловнаЗабаваЕве што доби победникот на ,,Ѕвездите на Гранд!” – Никола Станишиќ доби автомобил, песна и една награда што ќе му го промени животот од корен You cannot print contents of this website.

Синоќа се одржа големото финале на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а ласкавата титула му припадна на Никола Станишиќ (25) од Македонија.

Синоќа, Никола Станишиќ од Македонија го освои големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвезда Гранда“ за 2025 година.

(Видео) Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“: Ја испеа „Ако утре ме нема“ и им се поклони на жртвите од пожарот во Кочани од Еспресо09:50 - 6 јули, 202508:41 - 6 јули, 2025 Младиот Никола Станишиќ од Скопје е победник на регионалното натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.

385 (4) ■ сцена > култура ■ 05-Jul 18:16 -> 07-Jul 08:14
.
.
.
.

Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

  • ▷ Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов претставуваат во Грција.

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”). Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.

Во месец јуни, деветмина меѓународни уметници, вклучувајќи ги Сергеј Андреевски од Скопје, Ан Лизе Бројер од Париз, Стано Бубан од Братислава, Маријана Кацарас од Тунис, Маркос Хаџипатерас од Лондон и Атина, Никола Пијанманов од Струмица, Герлинде Пистнер од Нирнберг, Кристина Рахме од Бејрут и Карла Салем од Лондон и Бејрут, се потопија во прекрасниот пејзаж, архитектурата и старинските приказни вградени во камењата и древните патеки на островот Андрос.

10 (3) ■ технологија ■ 07-Jul 12:47 -> 07-Jul 17:30
.
.
.
.

Samsung воведува безбедносни решенија за мобилни уреди подготвени за иднината и персонализирано AI искуство

Новите иновации како што се Knox Enhanced Encrypted Protection, унапредениот одговор на закани со Knox Matrix и Secure Wi-Fi со заштита отпорна на квантни напади ја зајакнуваат приватноста и контролата на корисниците кај новите Galaxy уреди Samsung Electronics Co., Ltd. денеска објави сет нови безбедносни ажурирања за приватноста, кои ќе се имплементираат со новите Samsung Galaxy смартфони со оперативниот систем One UI 8. Овие новини ја зацврстуваат посветеноста на Samsung да понуди моќна и доверлива мобилна технологија во бргупроменливиот дигитален свет, преку воведување на нови заштити за AI што работи на самиот уред, проширување на детекцијата на закани низ различни уреди и унапредување на безбедноста на мрежите со енкрипција отпорна на квантни компјутери.