1 (218) ■ вести > свет > америка ■ 16-Jun 04:35 -> 18-Jun 23:15
.
.
.
.

Брутална порака од Иран до Трамп: „Лажете дека побаравме да дојдеме во Белата куќа, ќе одговориме со иста мера“

  • Нетанјаху сугерира дека убиство на врховниот лидер на Иран би го завршило конфликтот

  • Трамп: Знаеме каде е ајатолахот Хамнеи, но нема да го убиеме, барем не засега

  • Трамп: Можеби ќе го нападнам Иран, можеби не

Мисијата на Исламската Република Иран во Обединетите нации ги негираше тврдењата на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, дека Техеран се обратил до Вашингтон со цел да започне преговори.

„Тоа нема да го ескалира конфликтот, туку ќе го заврши конфликтот“, изјави Нетанјаху за Еј-Би-Си-Њуз во интервју кога беше прашан за извештаите дека американскиот претседател Доналд Трамп стави вето на израелскиот план за убиство на врховниот лидер од загриженост дека тоа ќе ја интензивира пресметката меѓу Иран и Израел.

Претседателот на САД, Доналд Трамп објави повеќе пораки на социјалните мрежи за Иран, а во една бара „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ“.

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со новинарите на тревникот на Белата куќа.

2 (168) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Jun 08:32 -> 18-Jun 23:15
.
.
.
.

ВМРО-ДПМНЕ: Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи

  • Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на БДП

  • Мицкоски најавува многу скоро решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи

  • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, негов легитимен и идеолошки наследник

СООПШТЕНИЕ, РЕАКЦИЈА НА СТАВОВИ НА ФИЛИПЧЕ Кога зборува Филипче, јавноста не слуша план, туку ехо од Дубаи Мицкоски рече дека досега исправал и пополнувал дупки и решавал проблеми што на Филипче, пајташите и самиот Филипче ги оставиле во државата.

Премиерот Христијан Мицкоски на вчерашниот настан по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека државата е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на бруто домашниот производ.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека многу скоро ќе има предлог-решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи.

ВМРО-ДПМНЕ е продолжение на историското ВМРО, основано во 1893 година, кога нашиот народ, иако под туѓи потчинувања и притисоци, се бореше за свој идентитет, за слобода, за правда.

3 (70) ■ вести > македонија > хроника ■ 18-Jun 04:15 -> 18-Jun 19:48
.
.
.
.

Одбраната побара ослободителна пресуда за обвинетите за убиството на Вања и Панче

  • Адвокатот на Манев побара казна само за киднапирањата на Вања и Панче, а не и за убиствата

  • Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски

  • Манев: „Носиме маски, нема да не познае, да ја пуштиме“, откако виделе дека Вања е девојче, а не жена

Одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побара ослободителна пресуда од обвиненијата на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче.

Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.

Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупло Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.

Горан Бошевски, адвокат на обвинетиот Велибор Манев, на денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, на кои завршни зборови дава одбраната, истакна дека неговиот штитеник од првообвинетиот Љупчо Палевски добивал инструкции за грабнувањето на велешкиот пензионер со кого се познавал од претходно.

5 (33) ■ вести > македонија ■ 17-Jun 15:59 -> 18-Jun 19:00
.
.
.
.

Бјер: Данска ќе се фокусира на проширувањето на ЕУ, моментумот е постигнат, Македонија треба да ја искористи оваа можност

  • Муртезани ја пречека данската министерка за европски прашања: Во фокусот проширувањето на ЕУ и Планот за раст

  • Муртезани: Процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се наша заштита

  • Бјере: Моментумот за проширување е апсолутно тука, ве молам искористете го

Проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседателство со Европската Унија, кое започнува на 1 јули, бидејќи актуелните геополитички случувања го прават овој процес уште поитен, и ние ќе направиме сè што е можно за да ја поттикнеме европската интеграција на земјата, но овој пат мора да се следи заедно, за да се види дали може да се постигне напредок и во кои области може да се реализира, изјави данската министерка за европски прашања Мари Бјер, која денес е во официјална посета на Скопје.

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани, денеска е домаќин на министерката за европски прашања на Кралството Данска, Мари Бјере.

Во време кога процесот на проширување е изложен на притисоци и тенденции на билатерализација, Копенхашките критериуми се нашата заштита.

Данската министерка за европски прашања, Мари Бјере денеска во Скопје порача дека проширувањето ќе биде во фокусот на данското претседавање со Европската Унија, кое стартува на 1 јули, дека актуелните геополитички случувања уште повеќе го актуелизираат овој процес, како и дека нејзината држава ќе стори се што е во можност за да го поттикне евроинтегрирањето на земјава, но оти тој пат мора да се изоди заеднички, со цел да се види дали може да се постигне напредок и во кои делови тоа може да се реализира.

9 (26) ■ вести > македонија ■ 16-Jun 14:37 -> 18-Jun 18:45
.
.
.
.

МЗ ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во Кочани

  • Министерот Алиу вети решавање на проблемот со хонорарците во тетовската болница

  • Алиу ќе координира со се околу трагедијата во Кочани, градот ќе добие центар за услуги и простор за млади

Министерството за здравство (МЗ) ќе раководи со процесите за тоа какви донации се потребни за семејствата на настраданите и за повредените во дискотеката во Кочани.

Министерот за здравство Азир Алиу денеска во Тетово разговараше си директорот на Клиничката болница околу потребите на установата, како и за проблемот со околу 140-те лица кои се со договор на дело и кои преку протести бараа вработување на неопределено време.

Новиот министер за здравство, Азир Алиу, ја презема координацијата по трагедијата во Кочани.

14 (22) ■ вести > македонија ■ 16-Jun 17:15 -> 18-Jun 20:25
.
.
.
.

Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!

  • Што се случува во РЕК Битола, врие од полиција: Обвинувања за саботажа, пожар кај каблите кои ги поврзуваат трите блока - во моментов не работи ниту еден

  • Привремено исклучување на Термоблокот 2 во РЕК Битола поради безбедносен инцидент

После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди.Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.

Во моментов огромно полициско присуство има во РЕК Битола дознава Инфомакс.

Изутринава, автоматски беше исфрлен од електроенергетскиот систем Термоблокот 2 во РЕК Битола, откако се активираше заштитниот систем поради зголемување на температурата и настанување на пожар на дрвени елементи близу ормарот за електронско управување.

Повеќе од
оваа категорија

32 (26) ■ спорт > фудбал ■ 17-Jun 14:16 -> 18-Jun 17:00
.
.
.
.

Шкендија во второто коло може да игра со Слован Братислава, а Вардар со Шамрок, Санта Клара, Балкани…

  • Македонските тимови добија тешки противници ако минат во втората рунда во КЛ

  • Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа противниците во Конференциската лига

Во текот на денешниот ден ќе бидат одредени и евентуалните ривали на македонските претставници во второто квалификациско коло во европските фудбалски натпреварувања.

Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат доколку го минат првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Македонските тимови Вардар, Силекс и Работнички ги дознаа имињата на противниците со кои ќе се соочат во првото квалификациско коло во Конференциската лига.

Повеќе од
оваа категорија

197 (6) ■ бизнис > економија ■ 16-Jun 15:45 -> 17-Jun 18:45
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: Фискалната стратегија е смерница на фискалната политика и води кон намалување на буџетскиот дефицит и економски развој

  • Димитриеска - Кочоска ќе го следи поскапувањето на бензините, не кажа дали тоа ќе повлече други поскапувања

Фото: Фејсбук/ Гордана Димитриеска-Кочоска Фискалната консолидација, подобрување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност остануваат основни цели на фискалната политика за периодот 2026-2030 година, кои како основни насоки се содржани во Фискалната стратегија 2026-2030 година, подготвена од Министерството за финансии и којашто денеска е усвоена во Собранието.

Министерката Гордана Димитриеска – Кочоска по денешните најави за поскапување на бензините кажа дека Министерството за финансии ќе ја следи состојбата, но не даде конкретен одговор на новинарско прашање дали поскапувањето на бензинот кај нас ќе повлече и други поскапувања.

253 (5) ■ бизнис > економија ■ 17-Jun 09:47 -> 17-Jun 12:59
.
.
.
.

Отворена современа читална за студентите при Медицинскиот факултет во Скопје, донација на Стопанска банка

  • СТОПАНСКА БАНКА ДОНИРАШЕ ЧИТАЛНА ЗА СТУДЕНТИТЕ ПО МЕДИЦИНА Ќе ја користат генерации студенти и специјализанти

Време зa читање: 3 минути Стопанска банка АД-Скопје официјално предаде во употреба нова современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, простор за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината, наменет за студентите и специјализантите во текот на студиите.

Стопанска банка АД Скопје официјално предаде во употреба нова современа читална на Медицинскиот факултет во Скопје, простор за учење и вршење дополнителни истражувања од областа на медицината, наменет за студентите и специјализантите во текот на студиите.

263 (4) ■ бизнис > балкан ■ 17-Jun 15:20 -> 17-Jun 18:18
.
.
.
.

Групацијата „Балфин“ и „Флаинг Тајгер Копенхаген“ објавуваат планови за стратешка експанзија на малопродажбата во регионот на Западен Балкан.

  • 📷 „БАЛФИН“ И „ФЛАЈИНГ ТАЈГЕР КОПЕНХАГЕН“ НАЈАВУВААТ ЕКСПАНЗИЈА ВО МАЛОПРОДАЖБАТА ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН Во план се 50 продавници, а првата ќе биде отворена во Скопје - plusinfo.mk

Групацијата „Балфин“, една од најдинамичните и најразновидни инвестициски групации во Западен Балкан, склучи стратегиско партнерство со „Флаинг тајгер Копенхаген“, познатиот дански малопродажен бренд, во согласност со планираното отворање на 50 продавници во регионот во следните четири години.

Групацијата „Балфин“, една од најдинамичните и најдиверзифицирани инвестициски групации во Западен Балкан, заедно со „Флајинг Тајгер Копенхаген“ (Flying Tiger Copenhagen), светски признаениот дански малопродажен бренд познат по своите иновативни и игриви производи, влегоа во стратешко партнерство за отворање на 50 продавници во регионот на Западен Балкан во следните четири години.

328 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Jun 17:20 -> 16-Jun 22:30
.
.
.
.

Божиновска: Ги финализираме законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија

  • БОЖИНОВСКА: Законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

Усвојувањето на законите за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија се клучни за наредните чекори во напредокот на Македонија кон декарбонизација и предизвиците што ги носи овој процес, посочи министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска.

150 (6) ■ сцена > живот > србија ■ 16-Jun 12:50 -> 18-Jun 19:00
.
.
.
.

Јована Јоксимовиќ ги покажува извајаните нозе: Регионот полуде по фотографиите со ултра кратки пантолони (ФОТО)

  • Јована Јеремиќ ја запозна девојката на поранешниот сопруг, а потоа призна: „Се чувствував виновна“ (ФОТО)

printskrin Youtube-k1 tv jovana joksimovic Овој интересен изглед го нагласи нејзиниот стил и фигура… Јована Јоксимовиќ повторно ја воодушеви публиката со својата нова модна комбинација објавена на Instagram.

printskrin Youtube-pink.rs jeremic Јована Јеремиќ и новата девојка на нејзиниот поранешен сопруг, Наталија, имаа пријатен прв состанок, што ја направи Јована среќна и спокојна… Јована Јеремиќ, водителка на популарната емисија „Јутарњи програм“ на телевизија Пинк, неодамна се сретна со новата девојка на својот поранешен сопруг, Војислав Милошевиќ.

308 (4) ■ сцена > занимливости ■ 16-Jun 22:16 -> 17-Jun 16:00
.
.
.
.

Точка

  • Работник на крузер открива колку заработува месечно: Многумина ќе бидат изненадени од износот

За време на песната „Take You Down“, тој ги поканувал жените од публиката на сцената, ги прегрнувал и ги бакнувал во уста – сцена што некои ја опишаа како „непријатна и вознемирувачка“.На концертот во Хамбург, според снимките, Крис прегрнал и бакнал една од жените од публиката, додека на концертот во Манчестер направил сличен потег – ја довел жената на црвен кадифен кауч, каде што повторно следел сензуален танцов контакт.

Крис Вонг, Јутјубер и вработен во Royal Caribbean, работи на бродови за крстарење од 2013 година, а во едно од своите видеа откри колкава ќе биде неговата месечна плата во 2025 година и како успева да заштеди пари додека живее и работи на море.