Според податоците од платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози.
ПОВЕЌЕ ОД 70% ОД ЕЛЕКТРОНСКИТЕ ТРАНСАКЦИИ СЕ ПРЕКУ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН Се зголемува и употребата на платежни картички Бројот на плаќањата со картички во првиот квартал од годинава е зголемен за 1,1%, а вредноста за 8,6%. Фото: Pixabay И во првите 3 месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози, покажуваат податоците на Народна банка (НБ). Во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со платни налози пораснал за 2,7%, а вредноста за дури 17,7%. – Особено брзо растат електронските плаќања преку интернет или мобилен телефон коишто се зголемени за речиси 13% по број и за над 30% по вредност- велат од НБ. Најголемиот дел од електронските трансакции (повеќе од 70%) се направени преку мобилни апликации, што покажува дека телефонот станува омилен начин за плаќање – брзо, едноставно и достапно.