1 (317) ■ вести > свет > нато > војна ■ 24-Jun 00:45 -> 26-Jun 12:15
.
.
.
.

Руте: Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е посветен на борбата на Украина против Русија

  • Трамп е номиниран за Нобелова награда за мир поради ставање крај на војната меѓу Иран и Израел

  • „ТРАМП СЕ ВКЛУЧИ НА НЕВИДЕН НАЧИН ВО ВОЈНАТА“ Нетанјаху прогласи историска победа

  • Македонска делегација предводена од Сиљановска-Давкова на Самитот на НАТО во Хаг

Целиот НАТО, вклучувајќи ги и САД, е „целосно посветен“ на тоа Украина да продолжи да се бори против руската инвазија, изјави генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во интервју за Ројтерс.

Конгресменот Бади Картер, републиканец од Џорџија, напиша писмо до Комитетот за Нобелова награда за мир, велејќи дека Трамп одиграл „извонредна и историска улога“ во завршувањето на „вооружениот конфликт меѓу Израел и Иран и спречувањето на најголемиот државен спонзор на тероризмот во светот да го добие најсмртоносното оружје на планетата“.

„ТРАМП СЕ ВКЛУЧИ НА НЕВИДЕН НАЧИН ВО ВОЈНАТА“ Нетанјаху прогласи историска победа Израел никогаш немал пријател како претседателот Трамп во Белата куќа и му се заблагодарувам од дното на моето срце за нашата заедничка работа, рече израелскиот премиер неколку часа откако лутиот Трамп остро го критикуваше Израел за кршење на примирјето со Иран.

Во Хаг денеска продолжува Самитот на НАТО на кој учествува и македонска државна делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

2 (20) ■ вести > македонија ■ 25-Jun 17:45 -> 26-Jun 13:00
.
.
.
.

Преку четири јавни повици досега се поднесени 6026 апликации во рамки на ОПВ 2025

  • ДУРМИШИ НАЈАВИ 4 ИНВЕСТИЦИИ ВО ЗОНАТА ВО ТЕТОВО Две од нив ќе отворат околу 850 работни места

  • Дурмиши: Нова енергија и 40 милиони евра за локалната економија, граѓаните треба да знаат - Владата не ги остава сами

Оперативниот план за вработување за 2025 е клучен проект на Министерството за економија и труд во изминатата година.

Министерот за економија Бесар Дурмиши најави 4 нови инвестиции во индустриската зона во Тетово, но не ги откри имињата на компаниите кои ќе градат.

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска (25 јуни) ја посети Општина Желино, каде заедно со директорот на Агенцијата за вработување, Селајдин Белули, оствари средба со граѓани, локални бизнисмени и претставници на јавните институции.

3 (79) ■ вести > македонија > хроника ■ 24-Jun 17:24 -> 26-Jun 09:13
.
.
.
.

Обвинителството тврди: Постојат докази за вината на Александар Ѓорчевски

  • Во Кривичен пресуда за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

  • Денеска ќе има пресуда за убиствата на Вања и Панче

  • Во Кривичниот суд ќе биде изречена пресуда за убиството на Вања и Панче

Обвинителството ќе ја обжали ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски, додека одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Љупчо Палевски, осудени на доживотен затвор за убиството на Вања и Панче, најавија жалби за осудителната пресуда.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски за кои се обвинети Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски.

Во Кривичниот суд денеска треба да биде изречена пресудата за убиството на 14-годишната Вања Ѓоревска и 74-годишниот Панче Жежовски, случај што ја потресе целата јавност.

5 (6) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 10:17 -> 26-Jun 13:00
.
.
.
.

Од 1 јули летен времен режим за движење на товарни возила при екстремно високи температури

  • ПОЧНУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ ЗА ВОЗЕЊЕ КАМИОНИ ПО АВТОПАТИТЕ За викенди и во жешки денови има посебен распоред

Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти АМСМ.

ПОЧНУВА ЛЕТНИОТ РЕЖИМ ЗА ВОЗЕЊЕ КАМИОНИ ПО АВТОПАТИТЕ За викенди и во жешки денови има посебен распоред фото: EPA-EFE/VASSIL DONEV Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

6 (8) ■ вести > македонија > хроника ■ 26-Jun 08:38 -> 26-Jun 11:55
.
.
.
.

МНР во комуникација со семејството на момчето кое загина во Ханиоти, во тек процедури за транспорт на телото

  • Детали за несреќата на Халкидики: Дваесетгодишниот македонски државјанин имал срцев удар по давењето

Министерството за надворешни работи информира дека до македонскиот Конзулат во Солун е доставена информација дека на плажа во близина на Халкидики животот го загубил 19-годишен македонски државјанин.-Конзулатот е во редовна комуникација со семејството на починатото лице, со цел завршување на сите неопходни административни процедури за транспорт на телото во Република Северна Македонија, соопштуваат од МНР.

Во бессознание бил извлечен од морето на плажата во Ханиоти на првиот крак на Халкидики, 20-годишен македонски државјанин, по што веднаш бил пренесен во болница каде што била констатирана смрт, јави дописничката на МИА од Атина.

7 (77) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jun 01:02 -> 26-Jun 12:35
.
.
.
.

УСПЕАВМЕ ДА ПОКАЖЕМЕ ДЕКА ПРОМЕНАТА НА УСТАВОТ НЕ Е ПОСЛЕДНИОТ УСЛОВ Мицкоски ветува дека ќе се бори до крај

  • Мицкоски: Не сум задоволен од спроведувањето на правдата од страна на судството и обвинителството, ова е слабата страна на нашето општество

  • Мицкоски: Се усвои Предлог-законот за соодветна и правична застапеност

  • Мицкоски: Верувам во вашиот труд и енергија и способност, но очекувам резултати и посветеност

Проблемот не бил во промената на Уставот туку нашиот идентитет, суштината на овој народ, македонскиот јазик, изјави вечерва премиерот Христијан Мицкоски во интервју на Македонската телевизија коментирајќи го она што денеска се случуваше на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) и бугарскиот предлог амандман во Извештајот за нашата земја.

Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за емисијата „Објектив“ на МРТВ изјави дека не сака да коментира за истрагата за трагедијата во Кочани за да не влијае на неа, но нагласи дека нема да престане да ја критикува работата на судиите и обвинителите, бидејќи, како што рече, не е задоволен од начинот на кој се спроведува правдата.„Не би дал никаква квалификација за тоа колку сум или не сум задоволен во моментов, од едноставна причина што секоја моја квалификација би можела да се сфати како влијание.

Од првиот ден на мандатот, Владата што ја предводам е посветена на унапредувањето на добрите меѓуетнички односи како еден од најважните императиви за стабилна, праведна и европска држава.

Без силна, стручна, одговорна и почитувана јавна администрација, нема ниту држава, ниту реформи, ниту вистинска демократија.

8 (55) ■ вести > македонија > политика ■ 24-Jun 07:23 -> 26-Jun 12:45
.
.
.
.

Мицевски: Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани

  • Филипче за ТВ 24: Шамарот за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените европски сојузници е дебакал и пораз за дипломатијата и Владата

  • Филипче од Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ им го сврте грбот на лозарите - укинати субвенции, стопирани програми

  • НАСИЛСТВОТО Е ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ? Кој му дал зелено светло на Акиов, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Филипче не бара оставка од тепачот Акиов и со тоа мотивира и други на насилство и хаос во Кочани.

Добро е што се усвои извештајот, но за жал, од друга страна, тоа е тотален дебакл и пораз на нашата дипломатија, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во изјава за Телевизија 24. Филипче во изјавата посочи дека македонскиот јазик е потврден, благодарение на државничките одлуки на Владата на СДСМ.

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Кавадарци, имаше средба со лозари, на којашто се разговараше за состојбата во земјоделството, посебен акцент на отсуството на развојни мерки од страна на Владата на ВМРО ДПМНЕ за поддршка на лозарството како извозно оринетирана гранка.

НАСИЛСТВОТО Е ДЕЛ ОД СТРАТЕГИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ?

12 (5) ■ вести > македонија ■ 26-Jun 10:49 -> 26-Jun 13:30
.
.
.
.

Уставен суд ги УКИНА РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ, ама ќе важи за следниот ПОПИС

  • УСТАВНИОТ СУД ГИ УКИНА ОДРЕДБИТЕ РЕЗИДЕНТНО И НЕРЕЗИДЕНТНО НАСЕЛЕНИЕ Оваа одлука нема да важи за пописот од 2021 година

Уставен суд утврди неправилности при изведување на ПОПИС 2021г., но донесените акти кои се укинувачки ќе важат дури за следниот.

Уставниот суд укина делови од Методологијата за пописот од 2021 година кои се однесуваат на „резидентно“ и „нерезидентно“ население бидејќи оцени дека не се во согласност со темелната вредност на нашиот уставен поредок, владеењето на правото, како и дека директорот на Државниот завод за статистика ги пречекорил своите надлежности и со подзаконски акт извршил категоризирање на резидентно и нерезидентно население, за што немал законско овластување.

13 (11) ■ вести > свет ■ 24-Jun 10:30 -> 26-Jun 13:30
.
.
.
.

Молкот на врховниот лидер: Иран чека збор од Хамнеи за прекинот на огнот со Израел

  • Каде е Хамнеи, иранскиот врховен лидер го нема седум дена

Помина повеќе од еден ден од кога официјалните канали на иранската влада ја објавија веста за прекин на непријателствата, но од највисокото духовно и политичко тело на земјата сè уште нема јавна реакција.

Иранските власти и јавноста се сè повеќе загрижени за отсуството на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи, кој не се појави јавно ниту даде никакви соопштенија речиси една недела, иако конфликтот со Израел оттогаш е запрен со прекин на огнот Како што пишува денес „Њујорк тајмс“, Хамнеи наводно бил преместен на непозната локација кога избувнале судирите меѓу Иран и Израел на 13 јуни, и се верува дека тој сè уште се крие поради стравот дека израелските безбедносни служби би можеле да се обидат да го ликвидираат дури и за време на примирјето.

Повеќе од
оваа категорија

57 (35) ■ спорт > фудбал ■ 24-Jun 05:34 -> 26-Jun 12:00
.
.
.
.

Уште една потврда дека е најголем: Меси има 33 од 33 во групните фази во кариерата!

  • Меси и Месињо на „Хард Рок“ стадионот во Мајами

  • Интер испушти предност од два гола, во осминафиналето ќе игра против ПСЖ

  • Интер Мајами и Палмеирас во осминафиналето на Светското клупско првенство (ВИДЕО)

Можеби најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, денеска го прославува својот 38. роденден со уште еден исклучителен подвиг – 33. пласман во елиминациска фаза на едно големо натпреварување и тоа без ниту едно испаѓање во групна фаза во текот на својата богата кариера.

Интер Мајами и Палмеирас одиграа нерешено 2:2 во последното коло од Групата А, со што двата тима се пласираа во осминафиналето на Светското клупско првенство.

Facebook / Inter Miami CF Фудбалерите на Интер од Мајами се квалификуваа за осминафиналето на Светското клупско првенство, откако одиграа нерешено против Палмеирас 2:2 на домашен терен, во натпреварот од последното, трето коло од Групата А. Покрај Интер, пласман во осминафиналето обезбеди и Палмеирас.

Фудбалерите на Интер Мајами и Палмеирас се третиот и четвртиот патник во нокаут фазата од првото издание на Светското клупско првенство кое што се игра во Соединетите Американски Држави.

Повеќе од
оваа категорија

19 (7) ■ бизнис > економија ■ 26-Jun 07:28 -> 26-Jun 12:15
.
.
.
.

Славески и Рокас разговараа за инфлацијата и геополитичките ризици: Клучна е улогата на НБРМ за стабилност

  • Славески: Ценовната стабилност останува приоритет на централната банка

Актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток, биле тема на разговор на првата официјална средба на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, одржа прва официјална работна средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата земја, амбасадорот Михалис Рокас, на која се разговараше за актуелните економски случувања и за последиците од глобалните случувања врз европската и домашната економија, со акцент на најновите случувања на Блискиот Исток.

43 (22) ■ бизнис > економија ■ 25-Jun 08:16 -> 26-Jun 07:07
.
.
.
.

Гувернерот Славески со конкретни предлози за намалување на надоместоците за платежни услуги

  • Славески побара банките да ги намалат надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите

  • СЛАВЕСКИ ПРЕДЛАГА ДА СЕ УКИНАТ БАНКАРСКИТЕ ПРОВИЗИИ Гувернерот седна на маса со банките

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на денешната средба со претставниците на банките, штедилниците и останатите членки во Македонската банкарска асоцијација ги претстави предлозите за намалување на провизиите коишто ги плаќаат граѓаните и компаниите при користење на платежните услуги.

На денешната средба со претставници на банките од Македонската банкарска асоцијација (МБА), гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, рече дека надоместоците за платежните услуги треба да бидат одржливи за банките, но истовремено фер и прифатливи за корисниците Народната банка на Република Северна Македонија ќе ги намали надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите во Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС), како што се оние поврзани со долговен промет.

Народната банка на Македонија ќе работи со комерцијалните банки во насока да се намалат или целосно да се укинат трошоците за платежни услуги кои, во нето износ, заземаат околу 18% од вкупните нето приходи на банките.

169 (10) ■ бизнис > економија ■ 24-Jun 13:08 -> 25-Jun 10:30
.
.
.
.

Годишно собрание на Хеленик енерџи: Силни основи за нова стратегија за развој

  • Годишно собрание на HELLENiQ ENERGY: Поставени цврсти темели за нова стратешка патека на раст

Силен развој во сложени услови Во своето обраќање, Сиамисис ја разгледа економската ситуација во Грција и на глобалната сцена, истакнувајќи предизвици како притисоците од инфлацијата, високите трошоци за енергија во индустријата и геополитичката нестабилност која влијае на енергетските пазари и развојните стратегиите на енергетските компании.

Групацијата HELLENiQ ENERGY го одржа своето Годишно собрание на акционери за 2025 година, на кое главниот извршен директор, Андреас Сиамисис, даде преглед на изминатата година, при што го истакна успешно завршениот стратешки план – Vision 2025, како и носечките столбови на новата стратешка насока кои ги поставуваат темелите за создавање на долгорочна вредност.

34 (7) ■ сцена > култура ■ 24-Jun 09:01 -> 26-Jun 10:25
.
.
.
.

Денови на македонскиот филм - Денеска започнува тридневната филмската ревија „Златна рамка“

  • „Центарска симфонија“ - в сабота концерт на отворено со филмска музика, Тарабунов е специјален гостин

Во рамки на тридневната фестивалска програма, која почнува денес, почесни награди ќе им бидат доделени на тројца истакнати филмски професионалци од македонската филмска индустрија: Јордан Симонов, истакнат филмски актер: Роден на 10 септември 1966 во Скопје.

Од 26. до 28. јуни, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар (МКЦ), ќе се одржи седмото издание на „Златна рамка“ – Денови на македонскиот филм, во организација на Друштвото на филмските работници на Македонија (ДФРМ). Тридневната ревија ќе понуди богата програма од најновите македонски кратки, документарни и долгометражни филмови, а влезот за сите проекции е бесплатен.

45 (6) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 07:10 -> 26-Jun 09:15
.
.
.
.

„Скопско лето“ - Концерт за деца „Песна за жирафата“ денес во Сули Ан

  • Концерт за деца „Песна за жирафата“ вечерва на „Скопско лето“

Во рамки на 46. фестивал „Скопско лето“, вечер од 20 часот во Сули ан ансамблот „Консонанс“ ќе изведе концерт за деца „Песна за жирафата“ – забавна и едукативна приказна на музика на Франц Јозеф Хајдн.

Вечерва, 26. јуни, во рамки на 46. издание на фестивалот „Скопско лето“ ќе се одржи концерт за деца насловен „Песна за жирафата“ во изведба на ансамблот „Консонанс“ со почеток во 20:00 часот во Сули ан. Влезот ќе биде регулиран со влезници по цена од 300 денари (родител+дете), кои ќе може да се купат пред почетокот на настанот на влезот на Сули ан. „Песна за Жирафата” е музичка приказна за деца која преку прекрасната музика на композиторот Ф. Ј. Хајдн и забавниот и едукативен текст, ни ги претставува и доловува специфичностите на секој од инструментите, на интересен и креативен начин.

49 (22) ■ сцена > занимливости ■ 24-Jun 11:45 -> 26-Jun 11:45
.
.
.
.

Со шик изглед, Иванка Трамп заблеска во Венеција

  • Огромен транспарент против Џеф Безос се појави во Венеција, демонстрантите бараат да плаќа повеќе даноци

  • 📷 ИВАНКА ТРАМП ПРИСТИГНА ВО ВЕНЕЦИЈА Ќерката на Трамп ќе биде гостинка на свадбата на Безос и Лорен Санчез

Иванка Трамп и Џаред Кушнер пристигнаа во сончевата Венеција претходно оваа недела за свадбата на годината – Лорен Санчез ќе се омажи за основачот на Амазон, Џеф Безос, во италијанскиот град овие денови.

Огромен транспарент против основачот на „Амазон“ Џеф Безос, чија свадба наскоро треба да се одржи во овој италијански град, вчера се појави на плоштадот „Свети Марко“ во Венеција.

Се ближи свадбата на Џеф Безос и Лорен Санчез, закажана за идната недела во Венеција, каде Иванка Трамп пристигна како една од многуте познати гости на идните младенци.

58 (5) ■ сцена > култура ■ 26-Jun 06:09 -> 26-Jun 12:15
.
.
.

Македонските ученици со најмногу награди на меѓународен конкурс за стрип посветен на помирувањето

  • Триумф на македонската стрип заедница на меѓународен стрип конкурс

Фото: comic.mk Младите стрип-автори од Македонија постигнаа голем успех на Меѓународниот конкурс за стрип под мотото „Сè што сакаме да речеме е: дајте му шанса на помирувањето“, организиран од Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка, Србија.

Младите македонски стрип автори убедливо доминираа на Меѓународниот стрип конкурс „ СЕ ШТО САКАМЕ ДА РЕЧЕМЕ Е ДАЈТЕ МУ ШАНСА НА ПОМИРУВАЊЕТ0“ Организатор на оваа повик е Клубот на визуелни уметници „Рашка школа за цртање“ од Рашка,Србија, во партнерство со Creative City Center – Мултифункционален социјален и културен центар од Албанија и соработници од и Србија.

203 (4) ■ сцена > здравје ■ 25-Jun 11:00 -> 25-Jun 23:31
.
.
.
.

Јапонски метод на одење - за подобра кондиција без исцрпеност

  • „Јапонската вежба со одење“ го намалува крвниот притисок

Среде море од нови фитнес трендови, јапонската рутина за одење доби голема популарност во последните месеци, особено на TikTok.Тоа е едноставна, но интензивна форма на одење која ветува опипливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок – ако се прави редовно.

Во големиот избор нови фитнес-трендови, „јапонската одечка вежба“ добива сѐ поголема популарност последниве месеци… Новиот „Тик-ток“ тренд е едноставен, но интензивен облик на одење којшто, ако е редовен, ветува бројни и видливи здравствени придобивки – вклучително и намалување на крвниот притисок, објави „Индекс“ (Index). Што претставува „јапонското одење“?

239 (7) ■ сцена > балкан ■ 24-Jun 06:50 -> 26-Jun 13:30
.
.
.
.

Јелена Карлеуша со крв и нож ја бранеше Теа Таировиќ: „Само јас ја пуштав таква“

  • Јелена Богојевиќ некни славеше роденден, сега брачна годишнина: „Три години… наздравје за многу повеќе“ (ВИДЕО)

Printscreen Youtube -Telegraf.rs Јелена Карлеуша го коментираше стилот на Теа Таировиќ и откри дека поради неа се карала со преостанатите членови на жирито додека беше дел од натпреварот „Ѕвездите на Гранд“.

Водителката на емисијата „Магазин“ на ТВ Сител, атрактивната Јелена Богојевиќ откако пред некој ден на социјалните мрежи обзнани дека го прославила својот 32-ри роденден, сега одново се огласи со нова прослава. овој пат – брачна. мал јубилеј, зашто три години во брак отстрана гледано и не е некоја бројка, ама кога си во заедница со некого… Само тој си знае како е! А неа и на нејзиниот сопруг Срѓан очигледно име е повеќе од добро.