Од целосно нефункционален систем и изгубена доверба во полицијата, до бројки што покажуваат дека правдата и сигурноста им се враќаат на граѓаните – Во отчетот по повод една година Влада, од Министерството за внатрешни работи посочија дека ја завршиле првата година со темелни реформи.
Во изминатата година разбивме14 организирани криминални групи, со над 200 сторители, а меѓу нив и брутална група која беше вмешана во девет убиства, изнуди, палења и напади врз полицијата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.
За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.