Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТВ „Една година Влада“ одговараше на прашања на уредници од националните телевизии на многу прашања од интерес за јавноста и, за прв пат, јавно конкретно спомна и опција за изградба на хидроцентралата Чебрен, во рамки на проектите од кредитот за кој гарантира Велика Британија, проект кој Македонија го чека околу 20 години и кој, за малку, владата на СДСМ и ДУИ ќе го дадеше во рацете на грчки инвеститор во негова сопственост и владениеИстакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.„Со пруга каде карго воз ќе движи со просечно 110 километри на час, ќе се зголеми бројот на композиции кои ќе транзитираат, а со проширениот капацитет на пристаништето во Грција и брзата пруга ќе се зголеми и бројот на композиции кои дневно ќе транзитираат.
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски истакна дека со договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство се обезбедуваат стратешки инвестиции за идните генерации како што се изградбата на брза железница, болници, но се разговара и за изградба на Чебрен и Галиште кои се од големо значење од повеќе аспекти.