Вработен во Народната банка на Северна Македонија, со иницијали З.Д., е уапсен по сведочењето на Велибор Манев – еден од обвинетите за свирепите убиства на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски.
Судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски откако денеска во Основен кривичен суд Скопје одбраната на Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и Александар Ѓорчевски побараа ослободителна пресуда.
Адвокатот Горан Бошевски, бранител на обвинетиот Велибор Манев, во својот завршен збор за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски денеска побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во однос на кривичното дело убиство, а осудителна за делото грабнување.
Бранителот на обвинетиот Влатко Кешишев, адвокат Игор Ефремов, денеска во Основен кривичен суд Скопје побара ослободителна пресуда за неговиот клиент во врска со убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, со образложение дека тој не само што не учествувал, туку ниту знаел, ниту имал намера тоа да се случи.