Израел и Иран денеска ги продолжија воздушните напади едни врз други петти ден по ред, а американскиот претседател Доналд Трамп ги повика жителите на Техеран да се евакуираат, наведувајќи го она што тој го нарече „отфрлање на нуклеарниот договор од страна на Иран“.
Во разговор со новинарите пред заминувањето за самитот на Г-7 во Канада, Трамп рече дека САД ќе продолжат да го поддржуваат Израел, но одби да каже дали побарал од земјата да ги прекине нападите врз Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп, во говор за време на воената парада во Вашингтон по повод 250-годишнината од основањето на американската војска, ја одбрани својата одлука за организирање на настанот, истакнувајќи дека парадата е прослава на војската, и покрај критиките дека станува збор за личен спектакл поврзан со неговиот 79-ти роденден.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху посочи дека атентат врз врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, ќе „го заврши конфликтот“ меѓу двете држави.