На новинарско прашање при денешната посета на Битола Мицкоски рече дека реализацијата на четирите автопати во изградба (Кичево-Охрид, Гостивар-Букојчани, Гостивар-Тетово и Прилеп Битола) во должина од 150 километри, во првите четири месеци од годинава споредено со минатата година е четирипати поголема, истакнувајќи дека очекува да биде осумпати поголема во вториот и во третиот квартал.
Извештајот од надзорот за прогрес на работите за автопатските делници на коридорите 8 и 10д што ги гради конзорциумот „Бехтел“ и Енка“ за периодот од 1 до 30 април годинава покажува дека се завршени 95 проценти од проекциите за експропријација за автопатската делница Тетово-Гостивар, 46 проценти за Гостивар-Букојчани, а 78 проценти за делницата Прилеп-Битола.