Добивај вести на Viber Министерството активно работи на утврдување случаи на дивоградби, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски ветувајќи дека резултатите од овие постапки ќе бидат видливи во скоро време.
За да можеме да го ставиме во функција системот Безбеден град треба да смениме отприлика шест-седум закони, отпочната е постапка за секој од овие, но не само закони директно поврзани со имплементацијата на системот, туку и закони кои треба да направат суштинска разлика и раздвојување на безредието од претходно со она што треба да го имплементираме како нормален ред и поредок, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека се постапува за утврдување случаи со дивоградби и најавува дека резултатите ќе бидат видливи во скоро време.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека мора да има одговорност за трагедијата во „Пулс“ за која што во денешниот отчет за првата година од мандатот посочи дека МВР почна најголема истрага која резултирала со кривични пријави против десетици сторители меѓу кои и поранешни и актуелни министри, директори, градоначалници, раководители на институции, полициски службеници и други носители на функции.