„Во С. Македонија гледаме големо странско влијание.
Мислам дека за признавање на идентитетот и јазикот на земја кандидат за членство би требало да биде природна и непроблематична работа, изјави известувачот на Европскиот парламент за земјава, австрискиот европратеник Томас Вајц во однос на невклучувањето на термините македонски јазик и идентитет во усвоената верзија на неговиот Извештај.
Македонија, која ги преживеа балканските војни од 90-тите години на минатиот век без масовно насилство и во која живеат различни луѓе и различни етнички и религиски групи кои успеа да изградат мирно општество, некогаш беше предводник во регионот, кога пред 20 години заедно со Словенија го започнаа пристапниот процес кон ЕУ, изјави вечерва австрискиот европратеник Томас Вајц во обраќањето пред Европскиот парламент во текот на дебата за Неговиот извештај за земјава за 2023 и 2024 година.