„За“ прифаќање на иницијативата гласаа 175 европратеници, 360 беа „против“, а 18 се воздржаа од гласање.
Со 360 гласови против, 175 за и 18 воздржани, предлогот за недоверба на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, беше отфрлен.
Европската комисија денес објави 2,3 милијарди евра поддршка за Украина за да ѝ помогне да се обнови од штетите предизвикани од руската инвазија.
Пред една година, во моите политички насоки, зборував за потребата Европа да изгради вистинска надворешна економска политика, но сеизмичкиот и револуционерен пресврт во глобалните економски односи во последната година ја направи таа потреба уште поакутна, истакна денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на дебатата во Европарламентот посветена на резултатите од јунскиот Самит на ЕУ. – Но, секоја надворешна економска политика мора да започне дома, бидејќи прво треба да ја направиме нашата сопствена економска и индустриска база посилна и поотпорна на шокови, истакна Фон дер Лајен.