Полицијата поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.Ч. од општина Ново Село, за кој постои сомнеж дека насилно се однесувал со својата 11-годишна ќерка и ја снимал со телефон.
Денеска (10.07.2025) СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Ч.(57) од село Ново Село, општина Ново Село, поради постоење на сомневање за сторено кривично дело „насилство врз дете“ по член 201а од КЗ. -На 08.07.2025 во дворното место од куќата на пријавениот во село Ново Село, тој насилно се однесувал кон неговата 11- годишна ќерка, која живеела со пријавениот, кој по разводот со неговата сопруга, односно со мајката на детето, е нејзин старател.