НасловнаМакедонијаМицкоски на средбата со лидерите од Западен Балкан: Нашата сила е во зајакнувањето на односите со нашите соседи и ЕУ You cannot print contents of this website.
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст кој ќе биде можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска и утре ќе престојува во посета на земјава.
Нашата сила е во обединетоста и стабилноста преку зајакнување на односите со нашите соседи и со Европската Унија, преку отворање нови пазари, нови работни места, нови пријатества, отстранување на бариерите за трговија, подобрување на инфраструктурата и зголемување на инвестициите, порача премиерот Христијан Мицкоски денеска на отворањето на лидерскиот самит на ЕУ и Западен Балкан посветен на Планот за раст, кој е можност за евалуација на постигнатиот напредок и дефинирање на следните чекори за зајакнување на европската интеграција на регионот.